Арарат-Ерменија и Ноа повторно ќе играат меѓу себе, денеска од 15.30 часот и во нов неизвесен меч ќе одлучуваат за нов трофеј во Ерменија.

Пред четири дена двете екипи го одиграа највозбудливото куп-финале во Европа во последните неколку години и речиси по тричасовна битка, пехарот ѝ припадна на екипата на Ноа.

Во регуларниот дел беше нерешено 4:4, по продолженијата од двапати по 15 минути имаше по еден гол на двете страни за 5:5 по 120 минути игра, а потоа и пеналите беа кулминација на неверојатниот финален меч.

По девет серии на удари од белата точка, Ноа се радуваше на победа од 7:6 и го освои првиот и историски пехар во кратката историја од само 3 години постоење на клубот.

Денеска повторно ќе излезат на мегдан, овојпат во директен дуел за шампионската круна во првенството на Ерменија. Арарат-Ерменија ќе биде домаќин и има еден бод предност пред стартот на последното коло. Лидерот има 49 бода и му одговара и реми, а екипата на Ноа со 48 бода мора да оди на победа ако сака двојна круна и прва шампионска титула во историјата на клубот.

Мечот ќе се игра од 15.30 часот, а повторно седмицата е со голем коефициент. Ако има реприза од куп-финалето, може и убаво да се заработи бидејќи на играта на голови 7+ коефициентот во Sport Life е 28.