Бившиот претсдател на Олимпик Марсеј, Папе Диуф починал на 68 г. од коронавирус, соопштија од францускиот клуб. Тој бил лекуван во болница во Сенегал, каде се вратил да живее неодамна.

“Олимпик Марсеј со голема тага ја прими веста за смртта на Папе Диуф. Тој ќе остане засекогаш во нашите срца како еден од големите мајстори во историјата на нашиот клуб- Сочувство до семејството и неговите блиски”, се вели во соопштението на Олимпик Марсеј на “Твитер”.

Папе Диуф стана првиот црнец претседател на елитен клуб во Европа, откако застана на чело на Марсеј во 2005 година. Пред тоа тој работеше како спортски новинар и фудбалски агент, меѓу неговите клиенти беа фудбалери како Марсел Десаи, Базил Боли, Вилијам Галас, Самир Насри и Дидие Дрогба.  Сенегалецот раководеше со Марсеј до 2009 г., а во четирите години на негово управување Олимпик два пати беше вицешампион во Лига 1 и два пати играше во финалето на Купот на Франција.