Талент од школата на Атлетико Мадрид почина на 14-годишна возраст, соопшти официјалниот сајт на клубот. Се работи за Кристијан Минчола и тој бил дел од “јорганџиите” од сезоната 2013/2014.

Раководството на Атлетико изрази сочувство на семејството и пријателите на Кристијан:
“Во вакви ситуации се чувствуваш беспомошен. Тоа е ужасно. Во последните денови загубивме многу блиски луѓе – едни од коранивирус, други од различни болести. Тажно е што не можеме да се збогуваме достојно со нив. Срцето ми е скршено. Кристијан имаше само 14 години. Ќе го спуштиме знамето на клубот на половина копје во негова чест, како и за другите спортисти, кои починаа во последните недели”, искоментира генералниот директор на Атлетико Мигел Анхел Хил.