Веста за смртта на славниот италијански композитор Енио Мориконе, најпознат во светот по правењето музика за вестерн филмови (зад себе остави над 500 филмови во кои има негова музика), натажи милиони луѓе низ светот, а и љубители на фудбалот. Маестро Мориконе, кој освои и Оскар за најдобра филмска музика, почина на 91-годишна возраст во Рим, кој беше и негов роден град. Приврзаноста кон Рим му беше голема, тој беше и верен фан на клубот Рома.

Освен по љубовта кон Волчицата, Мориконе во светот на фудбалот беше познат и како креатор на химната за Светското првенство кое се одржа во 1978 година во Аргентина.

Мориконе почина од компликации по кршењето на бутната коска пред некој ден.