Поранешниот репрезентативец на Еквадор, Данес Коронел, почина на 47-годишна возраст, а причината е последица од срцев удар. Коронел кој своевремено беше еден од најдобрите еквадорски фудбалери, во вторникот имал силен срцев удар, и за жал, лекарите не можеле нипто да сторат, па несреќниот екс фудбалер го загуби натпреварот со животот.

Коронел играше на позицијата десен бек, а за својата земја настапи на 27 меча (од 1992 до 2000 година) и беше еден од омилените играчи кај фановите, пради неговата борбеност.

Тој настапуваше за Емелек, а играше и за Ел Насионал, Депортиво Куенка и други локални клубови.