Мишел Идалго, селектор на силниот француски тим, кој стана европски шампион во 1984, починал на 87-годишна возраст, соопштија од Сојузот на француските играчи и тамошната фудбалска федерација.

Идалго, кој беше болен во последните неколку години, починал во својот дом во Марсеј, изјави неговото семејството за радио France Info.

Тој беше селектор на “петлите” 8 години, и достигна своја кулминација со великаните како Мишел Платини, Ален Жирес и Жан Тигана, со кои стана европски шампион на Првенството во 1984, надигрувајки ја Шпанија со 2:0 во финалето во Париз.