Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола и осум фудбалери од првиот тим ќе треба да поминат 14-дневен период на самоизолација при враќањето во Англија поради продолжување на сезоната, пишува “Тајмс”.

Ова одлука ќе важи за играчи и тренери, кои го напуштија Островот, откако сезоната беше прекината во средината на март заради пандемијата од коронавирус. Британското здравство препорача карантин за совладување на инфекцијата до 7 мај.

Од Премиерлигата се надеваат да ја рестартираат сезоната во јуни. “Тајмс” пишува дека уште четири менаџери, како и редица играчи од неколку клуба од елитата ја напуптиле државата за време на принудната пауза во првенство.

Менаџерот на Вулверхемптон Нуно Еспирито Санто и неговите асистенти се во родна Португалија, додека пет играчи од составот исто се вон Англија во моментов. Менаџерите Даниел Фарке (Норвич) и Ралф Хазенхетл (Саутемптон), како и фудбалери од нивните тимови и од Брајтон и Тотенхем исто не се на Островот во моментов.

Клубовите од Премиерлигата ќе имаат конференциска средба за иднината на сезоната во петок. Арсенал, Тотенхем, Вест Хем и Брајтон веќе ги отворија тренинг центрите оваа недела за индивидуални тренинзи за своите играчи.