Селтик (Шкотска), Астана (Казахстан), Лудогорец (Бугарија), Црвена Звезда (Србија), Карабах (Азербејџан), Легија (Полска), Макаби Тел Авив (Израел), Молде (Норвешка), Шериф Тираспол (Молдавија), Ференцварош (Унгарија), Дандалк (Ирска), Слован Братислава (Словачка), Судува (Литванија), Омонија (Кипар), Крајова/Клуж (Романија), Сарајево (БиХ)?, Олимпија Љубљана (Словенија)?, се можните ривали на кратовски Силекс во квалификациите за Лигата на шампионите,

Во првата квалификациска рунда за ЛШ ќе има вкупно 34 тима, а ждрепката се очекува да биде на 9 август. Новост е што во квалификациите поради ситуацијата со ковид-19 ќе се игра по еден натпревар, а првата рунда е закажана на 18 или 19 август.