Бившиот руски репрезентативец, Павел Погребњак имал позитивен тест за коронавирус, соопштија од  пресслужбата на Урал, каде моментално тој игра.

36-годишниот фудбалер сепак не чувствува големи здравствени проблеми. 

“Заболувањето е лесно. Ќе помине со лесни сомптоми. Павел се чувствува добро и е под постојан лекарски надзор. Во моментов се извршуваат сите неопходни мерки за дополнителна дијагностика и лечење. Останатите играчи и вработените во клубот имаат негативни тестови за коронавирусна инфекција”, објаснија од клубот. 

Во најдобрите години Погребњак играше за Зенит, Штутгарт, Фулам и Ридинг.