Суперѕвездата на Јувентус, Кристијано Роналдо има 222 милиони следачи на Инстаграм и тоа го прави број 1 во светот во тој показател. 

Според последните информации Роналдо добива најмногу приходи од социјалната мрежа, следен од Лео Меси и Нејмар. 

Секој следач им носи приближно 0,00313 фунти на спортистите, што значи дека 1 милион следачи носат 3,130 фунти. 

За време на карантинот (12 март до 14 мај) Португалецот имаше 219 милиони следачи, што значи дека тој добивал по 470,584 фунти по спонзорирана објава. 

p1e9v1ibul1mq6ljv157s4861n1h9.jpg
p1e9v1j2fgor019g1p1u1563vejb.jpg

Тој направи вкупно 4 поста, што значи дека заработил £1,882,336.

Погледнете ги Топ 10 спортистите кои заработиле најмногу пари од Инстаграм за време на карантинот. 

1. Роналдо – £1,882,336

2. Лео Меси – £1,299,373

3. Нејмар – £ 1,192,211

4. Шекил О’Нил – £583,628

5. Дејвид Бекам – £405,359

6. Вират Коли – £379,294

7. Златан Ибрахимовиќ – £184,413

8. Дуејн Уејд – £143,146

9. Дани Алвеш – £133,694

10. Ентони Џошуа – £121,500