Иконата на Манчестер Јунајтед, Пол Сколс упати низа пофалби на адреса на фудбалерот од средниот ред на “црвените ѓаволи” Пол Погба. 

Погба е силно критикуван по враќањето на “Олд Трафорд” и најверојатно ќе го напушти тимот уште во текот на летото, откако интерес за него пројавија Реал Мадрид и Јувентус. 

“Играв малку со Погба. Сите знаат каков талент има. Пол е брилијантен за Јувентус, брилијантен за Франција и покажа некои добри нешта во дресот на Манчестер Јунајтед”, искоментира Сколс. 

“Тој може да направи се во средниот ред и можеби наликува многу на Стивен Џерард. Погба поседува брзина, сила и умешност.”