Од германската федерација објавија амбициозен план за продолжувањето на шампионатот. Се очекува се мечевите да започнат уште на 9 мај, нешто што ги остави сите квалитетни првенства во шок. 

Но како успеаа тоа да го постигнат? 

 Специјална екипа, 41 страница инструкции и армија од здравствени експерти кои стојат зад храбриот план. Во Германија анализираат дека продолжетокот на првенството ќе има позитивен ефект и ќе ја врати надежта кај обесхрабрените луѓе. Сепак се разбира последниот збор ќе го има канцеларката Ангела Маркел, како и регионалните министри, кои ќе одлучуваат за идејата на специјален состанок на 30 април.

Во Германија масовите настани беа забранети до 31 август, но од Бундеслигата ќе го заобиколат тоа правило со мечеви без публика. Авторитетниот „Шпигел“ откри дека Германската фудбалска лига направила работна група од експерти, кои ги определиле правилата. 

Како дополнување на 41 страница експертите напишале колку луѓе треба да бидат пуштени до стадионите, како и правила за вработените во хотелите, примачи на тимовите и какви хигиенски правила треба фудбалерите и тренерите да ги почитуваат дома, како и какви услови треба да има во базите за тренинг.

Сите новинари, анализатори и коментатори исто треба да следат специјални инструкции. 

На стадионите нема да бидат пуштани повеќе од 300 луѓи, кои ќе бидат разделени во три одделни зони. 98 од нив ќе бидат во централниот дел, вклучувајќи 22 стартери, 18 резерви и пет судии.