Претседателот на Реал Мадрид Флорентино Перес решен да ја донесе на “Сантијаго Бернабе” гол машината на Борусија Дортмунд, Ерлинг Халанд во новата сезона.

Според весникот “Марка” газдата на “белиот балет” е подготовен да испрати непристоен предлог на милионерите, предлагајки им висока трансферна сума плус Лука Јовиќ.

Јовиќ пристигна минатото лето од Ајнтрахт Франкфурт, но не успеа да го прикаже огромниот потенцијал. Неодамна тој го изнервира тренерот Зинедин Зидан со напуштањето на клупскиот карантин, по што клубот даде јасен сигнал дека Србинот ќе оди на продажба.

Во договорот на Халанд има клауза, според која тој може да биде купен догодина за 75 милиони евра, но Перес не сака да чека и е решен од Норвежот да направи нова ѕвезда на “Сантијаго Бернабе”.