Крилото на Челси Педро може да се врати во матичниот клуб Барселона, информира весникот “Спорт”.

“Ситуацијата со коронавирусот се одразува на се и јас треба да разговарам со клубот. Договорот ми истекува на 30 јуни и сеуште не сме седнале на маса за тоа дали ќе го продолжам. Се очекува средбата со раководството, но примам и понуди на моја адреса. Ќе видиме што ќе се случи”, изјави Педро за Cadena SER.

Брзоногото крило веќе има полни 33 години, а “Ноу Камп” го напушти во 2015 година по 11 сезони во клубот заради малата минутажа која ја добиваше.

Понуди веќе пристигнале од Рома и Бетис но Педро нема ништо против да биде резерва, ако се врати во редовите на “блаугранас”.