Паоло Малдини и Даниел Малдини биле позитивни на тестовите за коронавирус, соопшти acmilan.com

Директорот на “росонерите” дознал дека имал контакт со вирусопреносител, и бидејќи ги имал повеќето симптоми направил контролен тест за Covid-19, кој бил позитивен.

Двајцата се во добра состојба и се дома во последните две недели каде ќе ги дочекаат новите тестирања.