Реал Мадрид ќе го покани директорот за стратегиски развој на Милан и легенда на “росоњерите” Паоло Малдини да работи во клубот, тврдат медиумите во Шпанија.

Живата легенда на италијанския фудбал се занимава со оваа дејност од неодамна, но проблемот е што во последно време има големи недоразбирања со раководството на неговиот омилен тим.

Флорентино Перес е подготовен да му подаде рака и да го спаси од “Сан Сиро”. 

Потсетуваме дека Малдини е еден од најдобрите централни дефанзивици во историјата на италијанскиот фудбал и ја помина целата кариера во гигантот од Милано.