Дејан Тантуровски, кој минатата сезона го носеше дресот на Македонија Ѓорче Петров од денес е нов фудбалер на ФК Силекс. Дејан тренираше со кратовци подолг период но денес официјално стави потпис на договор со тимот од Кратово.

Офанзивецот кој во досегашната кариера освен за Македонија ЃП ги носеше и дресовите на Металург и босанско Орашје треба да биде големо засилување за кратовци во пресрет на европските натпревари.

Тантуровски од германски трансфермаркет моментално е проценет на 200 000 евра.