Француката фудбалска лига објави дека ПСЖ е шампион на државата, иако сезоната во Лига 1 нема да се доигра.

Според информацијата конечниот пласман било оформен по принципот на средно освоени бодови на натпревар. Така практично постојните позиции на моменталниот пласман станаа конечни. 

Во Лигата на шампионите ќе играат уште Марсеј и Рен, а Лил, Рејмс и Ница ќе учествуваат во Лига Европа. 

Амиен и Тулуз испаѓаат. Лориен и Ленс би требало да заработат промоција во Лига 1.