Екипата на ПСЖ официјално го купи Мауро Икарди од италијански Интер

Според италијанските медиуми францускиот тим ќе плати 50 милиони евра, и уште 7-8 милиони како клаузи, од кои 4 се загарантирани.

Минатата сезона Икарди играше под наем во ПСЖ. Во неговиот договорот му имаше клауза за откупување вредна 70 милиони евра, но двата клуба се договорија за пониска сума.

Самиот Аргентинец парафираше до летото 2024 година за плата од 10 милиони евра.