ФИФА официјално го прифати предлогот на тимовите да можат да извршуваат по пет замени за време на еден натпревар. 

Правилото ќе влезе во сила уште при рестартирањето на првенствата и ќе важи до крајот на следната сезона. 

Решението на Бордот на Меѓународната фудбалска асоциација (IFAB) не е задолжително и секоја федерација може да донесе решение дали ќе го прифати. 

Во Шпанија веќе го прифатија, а се очекува истото да се случи и во Англија. 

За да нема забавувење на играта, секој тим ќе има право на три запирања на играта, за да ги изврши тие пет замени.

Донесени се и промени на полувремето. Кога при прекин на играта и двата состава направат замена/замени, тоа ќе се смета, дека секој од нив искористил по една од дозволените паузи за тоа. Ако тимот не ги искористи сите замени и паузи, тие автоматски ќе се префрлат за продолженијата, кога ќе има такви.