Македонскиот репрезентативец Егзон Бејтулаи се врати во тимот на Шкендија.

По интернационалната авантура во тимот на шведски Хелсинборг, дефанзивецот повторно се одлучи за Шкендија.

Бејтулаи мина цели шест сезони во Шкендија пред да замине во Шведска, од каде мораше да се врати од приватни причини.