Напаѓачот на Јувентус, Пауло Дибала откри на социјалните мрежи, дека веќе се излекувал од COVID-19. 

Аргентинецот се лекуваше од вирусот неколку недели и имаше четири позитивни теста по ред кои докажаа дека тој сеуште е носител на заразата. Последниот тест е направен во среда (6-ти мај), кој конечно бил негативен.

“Накрај сум излекуван од COVID-19. Лицето ми кажува се, откако конечно оздравев од коронавирусот”, напиша Дибала на Инстаграм.