Пред една недела општина Струмица распиша тендер за Реконструкција на отвореното спортско игралиште во Урбан Блок 33 во Струмица кое се наоѓа во 4 тата урбана заедница пред касарната спроти зградата на поранешен Струмица табак. Станува збор за спортско игралиште кое спроед проекциите на општините треба да добие нов изглед и  стане мултифункционално. Општинските власти со видео анимација веќе го објавија изгледот на теренот кој ќе биде соодветно уреден, ограден и осветелен со потребните реквизити за отворено спротско игралиште. За реконструкција на игралиштето, општината планира да потроши околу 6 милиони денари иако не се исклучува можноста да биде понудена и пониска цена на распишаниот јавен оглас.

Според објавеното, Јавниот оглас ќе трае до 6 јули. До тој термин заинтересираните фирми кои ги исполнуваат условите  може да ги достават своите понуди а набавката ќе ја добие тој што ќе понуди најниска цена. Носителот на набавката е должен во рок од три месеци да го заврши овој проект од денот на воведување во работа

,,Спортот и рекреацијата на граѓаните се еден од нашите приоритети. Распишана е јавна набавка за целосна реконструкција на отвореното спортско игралиште во четвртата урбана заедница. Ги повикуваме заинтересираните градежни фирми да достават понуди за реализација на овој проект” објави градоначалникот на Струмица Коста Јаневски.

https://www.facebook.com/watch/?ref=external&v=682128435971435