Долгонајавуваниот медиумски мрак изгледа ќе почне во недела за кого телевизиските оператори најавуваат исклучување на телевизиите кои ги имаат во понудата.

Тука спаѓаат и спортските канали. По се изгледа таман дочекавме да гледаме фудбал во најсилните европски лиги, можно е сега да се случи, т.н медиумски мрак. Причина се ненадминатите несогласувања околу авторските права на програмите кои се емитуваат преку кабелски оператори.

За време на прекинот ќе бидат исклучени сите програми и ќе бидат наведени причините за прекинот. Ќе се исклучат сите странски канали како и македонските телевизии. Сител, Канал 5, Телма, Алсат-М и Алфа.