Од таборот на Арсенал настојуваат сезоната во Премиерлигата да се доигра. Оваа изјава беше објавена на официјалниот сајт на лондончани.

Сите фудбалски шампионати во Европа, со исклучок на тој во Белорусија, во моментов се прекинати заради пандемијата од коронавирусот.

“Ние потполно ја подржуваме идејата за доигрување на првенството на Англија и Купот на фудбалската асоциација, за да се зачува целината на секое натпреварување. Се согласуваме истотака дека мечевите треба да бидат играни со одобрение на соодветните органи и медицински специјалисти. Датумот на продолжување на Премиерлигата постојано се одложува поради растот на пандемијата. Но ние, заедно со останатите тимови, ја набљудуваме ситуацијата и сме подготовени да работиме заедно”, напишаа Непобедливите од 2003/2004 година.