Во Нион денеска беше одржана ждрепката за Ф8 турнирот во Португалија, бидејќи пандемијата на коронавирусот го запре елитното натпреварување уште во март.

На 8 август се играат останатите четири натпревари од осминафиналето и тоа во градовите домаќини ако има услови за такво нешто, а ќе се сретнат:

Манчестер СитиРеал Мадрид,

Баерн Минхен – Челси,

ЈувентусЛион и

БарселонаНаполи.

Победниците ќе им се приклучат на Аталанта, Лајпциг, ПСЖ и Атлетико на завршниот турнир од 12 до 23 август во Лисабон.

Четвтфиналето  би се играло меѓу Реал Мадрид/Манчестер сити – Лион/Јувентус, Лајпциг – Атлетико Мадрид, Наполи/Барселона – Челси/Баерн Минхен и Аталанта – ПСЖ.