На денешниот состанок на Европската куќа на фудбалот беше донесена и одлука полуфиналето на Лигата на нации да се игра на 14 октомври, додека финалната средба е закажана за 19 ноември.

Во случај на победа над Косово, македонската репрезентација за противник во финалето ќе ја има селекцијата на Грузија или Белорусија. 

Првично натпреварот против Косово требаше да го играме во март, па во јуни или септември, а сега новиот термин е во октомври 2020 година.