По ширењето на коронавирусот во Арсенал, Челси, Манчестер Сити и Лестер, раководството на Премиерлигата на вонредниот состанок одлучи да го прекине првенството во машка и во женска конкуренција со најава дека натпреварите се предвидени да продолжат да се играат по 4 април.

„Пред се им посакуваме брзо опоравување на Микел Артета и на Хадсон Одои како и на сите заразени со Ковид-19. Во ваква непредвидлива систуација по разготовот со клубовите, Владата, ФА и со ЕФЛ одлучвуме дека животите на играчите и сите инволвирани во клубовите се приоритет.“ – стои во соопштението од Премиерлигата.