Огромен скандал ја одбележа прославата на шампионската титула на Манчестер Сити во Премиерлигата. По победата со 3:2 по пресврт над Астон Вила, што му го донесе првото место на тимот на Пеп Гвардиола, фановите на „граѓаните“ влегоа на теренот.

Тоа се случи додека фудбалерите на Вила, сеуште беа на теренот. Така голманот на тимот од Бирмингем, Робин Олсен стана објект на физички напад од страна на навивачите на Манчестер Сити. Нападот се гледа од кадрите, прикажани од „Скај Спортс“.

Дури и стјуардите и тренерот на Астон Вила не успеаа да го спречат нападот врз 32-годишниот шведски репрезентативен голман. Од кадрите се гледа како Олсен прими неколку удари во глава.

Раководството на Манчестер Сити се извини на гостите од Бирмингем и обкави, дека започнува истрага за случајот. Ќе бидат прегледани записите од безбедносните камери и виновниците ќе бидат казнети.

Лајкнете ја нашата страна на Facebook ТУКА