Денес на градскиот стадион во Свети Николе после година дена повторно активен фудбал.

Се играше 14-та минута кога младиот Андреј Панев со удар со глава го отвори резултатот. Николче Симонов зголеми на 2-0 во 28-та минута, додека Дарко Нацев во 44-та минута со удар од 11 метри зголеми на 3-0, и со овој резултат се отиде на полувреме.

Единствено прашање во втотото полувреме беше само, со кој резултат ќе заврши натпреварот. Се играше 83-та минута кога двојниот стрелец денеска Симонов го запиша и вториот гол, гол со кој се стави точка на натпреварот.

Лајкнете на нашата страна на Facebook ТУКА