Кога би се направила топ 10 листа од најскапи балкански фудбалери, тука нема да најдеме ниеден македонски репрезентативец.

Најскап фудбалер од Балканот е словенечкиот голман Јан Облак, кој е проценет на 80 милиони евра.

На второто место е фудбалерот на римски Лацио и српската репрезентација Сергеј Милинковиќ Савиќ со вредност од 64 милиони евра, а на третото место, со само 2 милиони евра помалку, е фудбалерот на Јувентус и Босна и Херцеговина, Миралем Пјаниќ.

На оваа листа влегуваат и Марсело Брозовиќ, Матео Ковачиќ, Андреј Крамариќ, Лука Јовиќ, Милот Рашица, Никола Миленковиќ и Анте Ребиќ.

Интересно е да се нагласи дека ниеден фудбалер од Грција, Црна Гора и Бугарија не е поскап од Елиф Елмас, ниту од Енис Барди.