Според “Transfermarkt”, најскап македонски фудбалер е играчот на Наполи, Елиф Елмас, а неговата цена на фудбалскиот пазар изнесува 15.5 милиони евра.

На второто место е Енис Барди. 24-годишниот фудбалер на Леванте, клуб со кој настапува во највисокиот ранг во шпанскиот фудбал, е проценет на 12 милиони евра.

На третото и четвртото место се Езгијан Алиоски од Лидс и Стефан Ристовски од Спортинг од Лисабон, а нивната вредност на пазарот е 3,5, односно 3,2 милиони евра. На петтото место е напаѓачот на италијански Удинезе, Илија Несторовски, со вредност од 2,8 милиони евра.

Топ десет листата од македонски најскапи фудбалери ја комплетираат Столе Димитриевски, Александар Трајковски, Бобан Николов, Иван Тричковски и Даниел Аврамовски. Аврамовски воедно е најскапиот Македонец кој настапува во Првата македонска фудбалска лига, а цената на фудбалерот на Вардар е 650.000 евра.

Горан Пандев, легендата на македонскиот фудбал и актуелен фудбалер на Џенова е проценет на 325.000 евра, но треба да се нагласи дека популарниот Гоче во јули ќе наполни 37 години.