Фарските острови станаа првата држава од Европа, која објави дека во моментов нема активни случаи на Covid-19 на својата територија.

Државата во Атлантскиот океан имаше 187 позитивни тестови од почетокот на пандемијата, но вчера беше објавено дека сите се излекувани, и нема ниту еден смртен случај како резултат на заразата.

на Островите се тестирани близу 20% од населението, кое брои 48 497 жители.

Пикот на заразата во државата беше во средината на месец март. Сепак мерките за сигурност во моментов ќе продолжат да бидат на сила.