Поранешниот член на Струга Трим Лум, Никола Симоновски е нов чувар на мрежата на охридскиот фудбалски клуб.

Голманот кој потекнува од битолските фудбалски школи со охриѓани потпиша едногодишна соработка.

26-годишниот чувар на мрежата на позиција голман ќе го наследи Раиф Мирселоски од кој охридскиот клуб се ослободи по само шест месеци.