Македонскиот репрезентативен напаѓач, Илија Несторовски минатото лето се пресели во Удинезе, но сезонава не добива голема минутажа, па би можел од лето да има нов клуб во Серија А.

„Калчомеркато“ објави дека лидерот во Серија Б, Беневенто и неговиот тренер, Филипо Инзаги се сериозно заинтересиран за македонскиот шпиц.

Беневенто има 20 бода предност во однос на второпласираниот тим на табелата во Серија Б.