Многу значаен меч ќе играат денеска Удинезе и Џенова од 19.30 часот, а еден против друг на „Дачија арена“ или познатиот Фриули во Удине ќе биде македонскиот тандем напаѓачи Илија Несторовски и Горан Пандев.

Капитенот на македонската репрезентација, против Нестор-гол во меч за бодови што се исклучително важни во битката за опстанок во Серија А.

Ветеранот и еден од најдолговечните активни фудбалери во Калчото, Пандев игра извонредна сезона и со 7 гола е прв стрелец на Џенова, заедно со Кришчито и Лападула. И денеска од него се очекува значаен придонес во нападот на гостите, кои бијат битка за секој бод, бидејќи се во многу незавидна ситуација и со само еден бод над опасната зона за испаѓање.

Пандев беше стрелец на неколку прекрасни голови сезонава во Серија А, погоди и против Удинезе во првиот дел од сезоната.

Илија Несторовски досега постигна два гола за Удинезе, најчесто влегува од клупата за составот од Удине, а со погодок против Рома во минатото коло ја запечати победата против фаворитот и најави подобар гол-ефект во последните 9 кола.