Адис Јаховиќ немаше свој ден и нема да игра во посакуваното финале на турскиот куп, откако тој и неговата Анталија и вечерва загубија од Аланијаспор.

Јаховиќ тргна во комшии по реванш, бидејќи го загубија првиот меч со 0:1, но наместо пласман во финалето што им беше цел на сите во Анталијаспор, доживеја тежок пораз од 0:4.

Ги нокаутира Папис Сисе со хет-трик, а еден погодок постигна и Гулселам, со што Аланија ќе игра меч за пехарот во турскиот куп против Трабзонспор.

Јаховиќ игра нова импресивна сезона во турското првенство и е најдобар стрелец на Анталијаспор со 13 погодоци, што го донесе на четвртото место на листата со топ-стрелци во првенствот, зад Сорлот со 19, Сисе со 16 и Муриќи со 14 погодоци.