15 години по отворањето стадионот “Алијанц Арена” сеуште е меѓу најмодерните во светот. Тој чинеше 340 милиони евра, а осигурителната компанија ги држи правата за името на стадионот до 2041 година.

“Нема подобар стадион на планетата од нашиот”, изјави почесниот претседател на Баерн Минхен, Ули Хенес, кој има главна заслуга за изградбата на зданието.

“Мислам дека нашиот стадион е производ на искуство. Минаа 15 години, а како да го отворивме вчера”, дополни бившиот менаџер и претседател за клупското списание “51”.

Првиот меч се одржа на 19 мај 2005 година и беше меѓу градските ривали Баерн Минхен и Минхен 1860. Потоа”лавовите” играа против Нирнберг, а Баерн – против националниот тим на Германија.

“Со “Алианц Арена” Баерн доби сосема друго лице. Во 80-те и 90-те години на минатиот век се восхитувавме на Милано, Мадрид и Манчестер за нивните стадиони. Сега ние имаме вистински фудбалски храм”, изјави извршниот директор Карл-Хајнц Румениге.