Германскиот вирусолог Џонас Шмит-Чаназит даде многу лоша прогноза околу шансите за враќање на фудбалерите на фудбалските терени.

Според проучувања од институтот “Бернхард Нохт” во Хамбург поради пандемијата од коронавирус нормален професионален фудбал ќе може да се игра дури следната 2021 година.

При сегашниот развој на ситуацијата тој не гледа како сезоната ќе биде завршена. Дури и во останатите држави во Европа да не следат трагични сценарија како во Италија и пандемијата да започне да замира, властите ќе бидат крајно внимателни за настани, при кои се собират многу луѓе.

“Имено заради тоа сметам, дека и варијантата со мечеви без публика ќе отпадне. Долго немаше мечеви на телевизија и замислете одеднаш пуштаат фудбал. Тоа неминовно ќе доведе до собирање на друштва по домовите”, изјави Шмит-Чаназит.