Италијанската Серија А дури денеска, на 3 јули, го прогласи најдобриот фудбалер за месец февруари.

МВП за февруари е Луис Алберто од Лацио, но интересно е што признанието ќе се додели дури во седмиот месец од годината. Т

Трофејот не се додели во март поради коронавирусот, па на играчот на Лацио ќе му се додели утре, пред почетокот на мечот со Милан.

Луис Алберто кој во Лацио ја носи десетката, сезонава е еден од најдобрите играчи во лигата.

Во одбраната е корисен со пресекување на противничките напади, а во нападот често знае да асистира и да го има клучниот пас.