Фудбалските фанови не можат да уживаат во омилената игра моментално, бидејќи најсилните првенства се запрени заради пандемијата од коронавирус и сеуше не е познато кога ќе бидат продолжени.
И покрај тоа приврзаниците бараат секакви начини да се насладат на своите љубимци.
Од сајтот за возрастни Pornhub открија кои се најбараните фудбалери на нивната платформа.
На 10-ата позиција е Дејвид Бекам, а пред него е Карим Бензема од Реал Мадрид.
Следат Рахим Стерлинг, Еден Азар и Пауло Дибала.
Топ 5 го оформува Килијан Мбапе, а на четвртата позиција е за Алексис Санчез.
Мауро Икарди влегува во топ 3, а Лео Меси е втор.
Можеби не е изненадување за никого што првата позиција е за Кристијано Роналдо.
