Наполи ќе плати 100 милиони евра за две од ѕвездите на Лил – напаѓачот Виктор Осимен и дефанзивецот Габриел Магаљаеш. Веста ја пренесоаа медиумите во Франција, а според неа двајцата ќе потпишат договори за 5 години. 

Габриел е оценет на 30 милиони евра и Лил во моментов се задоволени од предлогот.

Французите можеби бараат малку повеќе за Осимен, бидејќи првата понуда за него беше 70 милиони евра.

Медиумите во Франција пишуваат дека Нигериецот ги договорил личните услови со Наполи уште пред еден месец. 

Се очекува представниците на Осимен да бидат во Неапол вечерва, за да ги завршат преговорите. Габриел пак е баран за заменик на Калиду Кулибали, кој најверојатно ќе ја продолжи кариерата во Англија.