Ново видео со светскиот шампион Диего Марадона привлече големо внимание. На него си гледа како легендата танцува со бившата девојка Вероника Охеда и во еден момент ги соблекува гаќите. Се гледа дека Дон Диего не е во трезна состојба, пишува “Монитор”.

Аргентинските медиуми извстуваат дека записот е направен неодамна, зошто во април Охеда тврдеше, дека не го видела Марадона долго време заради изолацијата од коронавирусот. Ако навистина видеото е сегашно, тоа покажува дека бившиот фудбалер го нарушил карантинот, бидејќи бил заедно со дамата.

Во моментов 59-годишниот Диего е тренер на „Химнасија“ (Ла Плата). Вчера се навршија 34 години од познатиот меч на Аргентина со Англија на Мундијалот во Мексико, на кој Марадона постигна гол со “Божијата рака” откако ги избрибла половина од играчите на противникот.