Младинскиот фудбалски репрезентативец Бојан Миовски од Ренова направи трансфер во унгарскиот клуб МТК.

“Би сакал да искажам благодарност за шансата што ми ја даде Ренова и на клубот му посакувам многу успеси во иднина во Првата лига, но и во Европа“, истакна Миовски збогувајќи се од Ренова.