Висар Муслиу беше за 60 секунди побрз од тренерот на МОЛ Фехервар. Жоан Карилјо и успеа да асистира за победа против Залаегершег пред да биде заменет.

Македонскиот репрезентативец со глава му ја спушти топката на стрелецот на победничкиот гол Немања Николиќ во 74. минута и потоа беше заменет.

Со него стартер за МОЛ беше и Бобан Николов, а заедно го почнаа мечот и заедно беа заменети во 75. минута. Интересно е што Карилјо направи хокеарски измени и во истата минута извади од игра дури 10 фудбалери, односно сите освен голманот Ковачик.

Муслиу и Николов го одиграа првиот меч, иако е само пријателски, по пауза од два месеци поради Коронавирусот.

Македонскиот тандем повторно ќе биде на терен на 23. мај, кога ќе се игра првиот полуфинален дуел од двомечот во националниот куп на Унгарија против Мезоковеш на гостински терен.

Реваншот ќе се игра на 26. мај, а унгарското првенство ќе продолжи на 23. мај со дуелот меѓу Ференцварош и Дебрецин и потоа регуларно од 30. мај.