Муарем Бајрами ја заврши играчката кариера и ќе се посвети на тренерскиот ангажман во прволигашот од Чаир.

„За мене е голема чест да водам тим како Шкупи, но истовремено чувствувам и огромна одговорност поради овој предизвик. Сакам да им се заблагодарам на челниците на клубот за довербата што ми е укажана, имаме добар тим на располагање. Со неколку засилувања и со максимална поддршка од навивачката група Шверцери, верувам дека ќе ги оствариме зацртаните цели“, изјави Бајрами.