Од МРТВ соопштија дека ќе бидат отворени четири нови канали, МТВ 2 (24 часовен канал на албански јазик), МТВ 3( канал за спорт и забава), МТВ 4 (канал за останатите етнички заедници и документарна прогама) И МТВ 5 (специјализиран канал за детска програма).

„Отварањето на новите телевизиски канали е реализација на најстратешката определба во програмата за работа на овој тим кој раководи со МРТ.Со пуштање во етер на новите канали очекуваме нашите гледачи да добијат можност за следење на поголем број на различни содржини што опфаќа повеќе целни групи. Во овој период можеби е најзначајно отворањето на детскиот канал каде што ќе понудиме повеќе образовна и едукативна програма за учениците. Исто така, со зголемување на обемот на програмата на албански јазик, како и каналот за останатите етнички заедници ќе се отвори можност што поголем број на програми да се емитуваат на јазиците на нашите верни гледачи.Новите телевизиски канали ќе бидат бесплатно достапни за сите граѓани во Македонија и тоа преку терестријалната мрежа како и преку платформите на сите оператори на програми.“ – соопштија од МРТВ.