Со трансферот во Барселона од Јувентус за 60 милиони евра, Миралем Пјаниќ, кого во Италија го нарекуваат малиот принц, автоматски ќе стане најскапиот играч на Босна и Херцеговина на сите времиња.

Се очекува договорот да биде финализиран на 30 јуни, а во обратна насока ќе се придвижи Артур Мело, кого Јувентус го купува за 70 милиони евра.

Така Барселона добива бонус од 10 милиони евра при оваа интересна размена.