Раководството на Милан според “Кориере дела спорт” започнало преговори за српскиот централен дефанзивец на Фиорентина, Никола Миленковиќ, а во зделката се очекува да биде вклучен Бразилецот Лукас Пакета.

Фиорентина се интересираше во зимскиот трансфер период за бразилскиот фудбалер од средниот ред, но цената од 30 милиони евра беше доста висока за виолетовите.

Од денешна гледна точка договор за размяна плус доплата изгледа се по реална опција.

Милан најверојатно ќе се раздели со Матео Мусакио, кој може да се врати во Шпанија. За него Милан ќе бара 8 милиони евра.

Другиoт централен дефанзивец Симон Кјаер игра на позајмица, но тешко дека росоњерите ќе го задржат. Така единствено Милан ќе располага со Алесио Ромањоли и Матија Габија како опција на централната одбрамбена позиција.