Тренерот на Барселона Кике Сетиен даде коментар во однос на иднината на капитенот Лионел Меси.

Шесткратниот носител на Златната топка не е премногу задоволен од начинот на управување на клубот и тоа ги засили шпекулациите, дека Лео може да посака да го смени клубот.

“Дали Меси ќе ја напушти Барселона без пари? Не, тоа нема да се случи. Меси и Барселона секогаш ќе бидат обединети. Лео е во клубот од 20 години и никој не може да си замисли како ќе изгледа рaзделбата”, рече Сетиен за Gazzetta dello Sport.

Договорот на Меси со “блаугранас” е до 30 јуни 2021 година, а последните недели Аргентинецот е  силно поврзуван со Интер.